За нас

Bebel Fashion е млада компанија која се занимава со малопродажба на женска модна облека. За кратко време успеавме да станеме препознатлив бренд на македонскиот пазар и да направиме една од поголемите мрежи на бутици во Скопје. Моментално имаме 6 продавници во Скопје и 1 продавница во Куманово, со план во наредната година да ја прошириме нашата малопродажна мрежа и во останатите градови во Македонија.

 

Нашата мисија


Мисијата на Bebel Fashion е „да го доближи задоволството од купување до секоја жена“. Во нашите продавници можете да најдете висококвалитетна и модерна облека по поволни цени. Ние веруваме дека секоја жена може да си дозволи да изгледа како што посакува, независно од нејзиниот социјален статус.