Услови на користење и продажба

1. Услови на користење

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие Услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

 

1.1   Општи одредби

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

 

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

 

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје може да ги ревидира овие Услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

 

1.2      Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.bebelfashion.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашата Политика на приватност.

 

Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.

Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

Вие сте правно одговорни за сите информации, податоци, текстови, софтвер, музика, звуци, фотографии, графика, видеа, пораки или други материјали прикачени, испратени, поставени, објавени или кои се чуваат во врска со користењето на услугата.

 

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје не е одговорен за Вашите кориснички содржини и не ги контролира, и како такви, ние не гарантираме за точноста, интегритетот или квалитетот на таквите содржини или тоа дека нивното објавување не ги повредува правата на трети лица.

 

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје не ја побарува сопственоста или правата на интелектуалната сопственост врз корисничките содржини. Вие ни давате дозвола да ги хостираме Вашите кориснички содржини во рамките на нашата услуга. Со ова Вие му овозможувате на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје ширум светот, бесплатна,  неексклузивна лиценца, да ги хостира и да ги користи корисничките содржини со цел да ви ја овозможи услугата. Вие потврдувате и гарантирате дека ги имате сите неопходни права за да ни дадете таква дозвола. Самите сте одговорни за корисничките содржини кои може да бидат изгубени или неповратно оштетени со користењето на услугата. Ве ​​поттикнуваме, често да ги архивирате Вашите кориснички содржини.

 

Под никакви околности ние нема да бидеме одговорни за вашите кориснички содржини или содржините на која било трета страна, вклучително, но не ограничено, за било какви грешки или пропусти во вашите кориснички содржини, или за каква било загуба или оштетување од кој било вид кои се настанати како резултат од употреба на која било корисничка содржина објавена, испратена, пренесена или на кој и да било друг начин достапна преку услугата.

 

Вие сте запознаени со фактот дека при користењето на интернет-страницата ќе бидете изложени на кориснички содржини од различни извори и дека ние не сме одговорни за нивната точност, корисност, безбедност, како ниту за правата на интелектуална сопственост на или во врска со корисничките содржини. Исто така сте запознаени и со тоа дека може да бидете изложени и на кориснички содржини кои се неточни, навредливи, несоодветни или непристојни, и дека сте согласни да се откажете и со ова се откажувате од судски права или подучувања кои ги имате или може да ги имате против нас во поглед на тоа, и сте согласни да извршите целосен надоместок кон интернет-страницата, нејзините сопственици / оператори и партнери, кое е законски дозволено, а се однесува на сите прашања поврзани со употребата на страницата.

 

Исто така, бидете запознаени со фактот дека ние не ги проверуваме корисничките содржини, но имаме право (но не и обврска) да одбиеме, отстраниме, избришеме или побараме од Вас да отстраните која било корисничка содржина достапна преку нашата услуга. Ние, исто така имаме право да отстраниме кориснички содржини кои ги прекршуваат овие услови или кои не се на кој и да било начин соодветни согласно со нашето сопствено убедување. Вие мора самите да ги процените и да ги сносите сите ризици поврзани со користењето на било кои кориснички содржини. Исто така, не можете да се потпрете на сите содржини креирани од наша страна. Вие прифаќате и се согласувате дека можеме да сочуваме кориснички содржини, како и да објавиме кориснички содржини доколку тое е потребно со закон или пак со добра волја и верување дека таквите зачувувања или објавувања се разумно потребни со цел: (а) да се постапи во согласност со законските процеси; (б) спроведување на овие услови; (в) да се одговори на тврдењата дека некоја корисничка содржина ги крши правата на трети лица; или (г) да ги заштитиме нашите права, имот или лична безбедност, како на нашите корисници, така и на оние од јавноста.

 

Понатаму, имајте предвид дека ние нема да одржуваме копии од датотеки и документи испратени од вас, како и тоа дека Вие сте единствено одговорни за правење копии на овие податоци.

Нашите услуги нудат можност за продажба на стоки и услуги преку интернет-страницата на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје („комерцијални производи"). Ние единствено ја обезбедуваме платформата за купувачите на овие стоки и услуги. Во ваков случај кога купувачот купува комерцијални производи, плаќањата ќе бидат обработени преку наши партнери - трети лица кои ги обезбедуваат услугите за плаќање. Овие услуги за плаќање се регулирани со нивните правила и услови на користење и политика на приватност. Ние не преземаме никаква одговорност за постапките на овие трети лица - даватели на услуги.

Вие мора да ги следите правилата и условите наведени во овие Правила и услови на користење кога се нудат и продаваат комерцијални производи. Ние имаме право и можеме да отстраниме содржини поврзани со понудата или продажба на комерцијални производи кои се во спротивност со овие Правилата и условите на користење.

 

1.3.      Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. Бебел Тојс ЛТД Дооел Скопје ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

 

Интернет-страницата може да содржи содржини или линкови до други интернет-страници кои се во сопственост на трети лица. Ние немаме контрола на тоа и не преземаме одговорност за содржината, политиките за приватност, или практиките за содржините на третите лица или интернет-страниците и нивните содржини. Ве молиме, имајте предвид дека кога ќе кликнете на некој од овие линкови, пристапувате на друга интернет-страница за која ние не сносиме одговорност или немаме контрола. Исто така, во рамките на интернет-страницата може да се најавите на Вашите кориснички сметки од трети лица со цел за користење на нивните услуги или пак да ја поврзтете вашата корисничка сметка на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје со кориснички сметки од трети лица. БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје не е одговорен за активности кои се случуваат во рамките на трета страна, дури и во случаи кога сте најавени преку www.bebelfashion.mk сметката или поврзани со www.bebelfashion.mk сметката.

 

Вие се согласувате дека ние нема да бидеме одговорни за загуба или оштетување од кој  било вид, настанати како резултат на користењето на содржина од трето лице, интернет-страници или услуги, без разлика, дали сте се поврзале или упатиле кон нив преку интернет-страницата. Со ова Вие сте известени, знаете и потврдувате дека интернет-страниците и услугите на третите лица може да бидат предмет на нивните сопствени услови за користење и политики, и Вие сте единствено одговорни за прегледувањето и почитувањето на нивните условите за користење.

 

1.4.      Кориснички блог

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје може, но нема обврска, да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје не се смета за одговорен за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали произлегува или не од Законот за авторски права, клевети, приватност, навредливост или друго.

 

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите информации во врска со трансакцијата купувач – продавница Бебел Фешн, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Македонија.

 

2. КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

2.1 Креирање на налог

За да ви биде овозможено купување на www.bebelfashion.mk не мора да бидете регистриран корисник. Имајте предвид дека само регистрираните корисници можат да ги користат во целост функционалностите кои ги нуди bebelfashion.mk, како што се: креирање на листа на желби, добивање на информации за попуст и меморирање на податоците за испорака.

 

Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашата е-маил адреса ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

 

2.2 Избор на производи                                  

На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Од лева страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: категорија, боја, материјал, цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот или името на производот. При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле "БРЗ ПРЕГЛЕД". Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да ја одберете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето "КУПИ" ќе бидете известени дека производот се наоѓа во вашата корпа. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во корпа.

 

2.3 Содржина на кошничка

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.

 

2.4 Нарачување на производи од кошничка

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето за "ПРИФАЌАМ" за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.

 

2.5  Начини на плаќање

При купување на производи на bebelfashion.mk можете да одберете еден од наведените начини на плаќање:

-Плаќање со платежна картичка -  со пополнување на податоците од вашата платежна картичка веднаш пристапувате кон плаќање на вкупниот износ за нарачаните производи заедно со цената за достава;

- Плаќање по испорака во готово – вкупниот износ за нарачаните производи заедно со цената за достава се плаќа на курирот при достава/преземање на пратката, исклучиво со готовина.

 

2.6 Достава

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

 

Испораката се врши од страна на курирска служба, БРЗА ПРАТКА ДОО, која не е дел од нашата компанија.

 

Рокот на испорака за сите градови во Македонија е до 3 работни дена. Рокот за испорака  во приградски населби и села може да биде и подолг од 3 работни дена. Испорака не се врши во недела и за државни празници. Сите нарачки направени за време на викенд ќе бидат процесирани во првиот следен работен ден. 

 

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9 до 19 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку при обид за достава на предметна пратка примачот или обезбедено лице не се затекне на наведената адреса, Давателот на услугите ќе залепи налепница на адресата дека е извршен обид за достава на пратка и телефонски број на кој примачот може да се обрати со цел добивање на информација за подигање/достава на пратката. Во случај на 2 (два) неуспешни обиди за достава на предметна пратка или доколку примачот одбива прием на предметна пратка, пратката се враќа на Bebel Fashion.

 

 Цената за достава е 130ден.

 

Цената за достава на производи над 3000 денари е бесплатна.

 

3. РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, контактирајте нè во рок од 24 часа од приемот на пратката на бројот 076 403 601 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата online@bebelfashion.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

 

Сите рекламации се процесираат во периодот од 10:00 до 17:00 часот од понеделник до петок.

 

Доколку е оштетено само пакувањето, а нарачката е во ред тогаш тоа би се сметало за

исправна нарачка.

 

3.1 Замена на големина на производ или замена за друг производ

Производите може да се заменат во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на нарачката. Продуктот мора да биде неоштетен, неупотребуван и со фактурата со која е добиена нарачката.

 

Производите се враќаат исклучиво преку курирска служба на трошок на купувачот. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

 

Во случаевите на враќање или замена на погрешно испратен производ или производ со фелер, трошокот за повратна достава го сноси Bebel Fashion.

 

Во случај на поврат на парични средства ве молиме видете ја секцијата ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ И СРЕДСТВА.

 

Замената се врши исклучиво според горенаведената процедура и не е можна физичка замена во некои од нашите продавници.

 

3.2 Поврат на производи и парични средства

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Бебел Тојс ЛТД Дооел Скопје има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

 

За остварување на правата утврдени во став 3.1 и став 3.2 од овие Услови, апликативен ќе биде Законот за заштита на потрошувачите.