Рекламации

Откако курирската служба ќе ти ја достави пратката, те молиме провери го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со твојата нарачка, контактирај нè во рок од 24 часа од приемот на пратката на бројот 076 403 601, или на е-маил адресата online@bebelfashion.mk, испрати ни ги твоите податоци(име, презиме и телефон) и наведи ни ги причините поради кои сакаш да направиш замена/враќање на пакетот. Нашите оператори ќе те известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок. Сите рекламации се процесираат во периодот од 10:00 до 17:00 часот од понеделник до петок.

Доколку е оштетено само пакувањето, а нарачката е во ред тогаш тоа би се сметало за исправна нарачка.

Замена на големина на производ или замена за друг производ

Производите може да се заменат во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на нарачката. Продуктот мора да биде неоштетен, неупотребуван и со фактурата со која е добиена нарачката.

Производите се заменуваат преку курирска служба на трошок на купувачот. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ти испраќаме соодветна замена.

Во случаевите на враќање или замена на погрешно испратен производ или производ со фелер, трошокот за повратна достава го сноси Bebel Fashion.

Во случај на поврат на парични средства те молиме види ја секцијата ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ И СРЕДСТВА.

Замената се врши исклучиво според горенаведената процедура и не е можна физичка замена во некои од нашите продавници.

Поврат на производи и парични средства

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Бебел Тојс ЛТД Дооел Скопје има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Рекламационен лист: ТУКА.