Право на откажување-враќање на производ

Производите купени на www.bebelfashion.mk може да се вратaт во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката без да се наведат причините. Може да одбереш поврат или замена за друг производ.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Бебел Тојс ЛТД Дооел Скопје има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Производот кој се враќа мора да биде неоштетен, неупотребуван и со фактурата со која е добиена нарачката.

Производите се враќаат преку курирска служба на трошок на купувачот. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа вршиме поврат на средствата.

Трошоците за враќање на производот и средствата се на трошок на купувачот, освен во случај кога потрошувачот добива неисправна или неточна пратка.

Во случај на замена за друг производ те молиме види ја секцијата РЕКЛАМАЦИИ.