ПРАВИЛА НА КОРИСТЕЊЕ

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Овие Правила и услови за користење на услугата („Правила и услови за користење”, „Услови на користење”, „Услови”, „Услови за употреба”) е облигација помеѓу Вас („корисникот”) и  БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје (,,БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје,, ,,Ние,,),. Со користењето и/или посетувањето на интернет страницата www.bebelfashion.mk („bebelfashion”, „интернет-страницата”,) и/или која било под интернет-страница на www.bebelfashion.mk  и со користењето на некоја од услугите на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје, Вие се согласувате со Правилата и условите за користење на услугата и со Политиката на приватност. Доколку не се согласувате со некој од овие услови, Ве молиме да не ја користите интернет-страницата www.bebelfashion.mk .

 

Условите за користење претставуваат облигационо правно дело помеѓу Вас како корисник („Вие"), БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје и подружниците и / или соработниците на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје.

 

Овие Правила и услови за користење претставуваат законски обврзувачки услови за користење на услугите на www.bebelfashion.mk  и ќе се применуваат за сите корисници на интернет-страницата, вклучувајќи ги и корисниците кои нудат содржини и/или други материјали или услуги на или преку интернет-страницата.

 

Со користењето на услугите на www.bebelfashion.mk, Вие сте согласни да се обврзете со ова правно дело. Овластување и дозвола да ги користите услугите на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје имате единствено доколку се согласувате да ги почитувате и  да се придружувате кон сите применливи закони и кон ова правно дело.

 

Ве молиме, внимателно да го прочитате ова правно дело и да го чувате. Доколку не се согласувате со него, треба веднаш да ја напуштите интернет-страницата и да ја прекинете употребата на услугите на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје. Доколку сакате да станете корисник и да ги користите БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје услугите, мора да го прочитате ова правно дело и да го потврдите Вашето прифаќање за време на процесот на регистрација.

Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам" копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на Вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).

 

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје може повремено да прави измени во Правилата и условите на користење, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавувањето на Интернет-страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Правилата и условите на користење и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да ги прегледувате Правилата и условите на користење, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите промени.

 

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје која е сопственик на брендот Bebel Fashion, Ви овозможува користење на услуги и содржини на www.bebelfashion.mk во согласност со овие  УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење важат за сите содржини и услуги на страницата www.bebelfashion.mk. Се смета дека корисниците се запознати со овие услови доколку користат било кој дел од порталот, како и дека го прифаќаат користењето на содржините од овој портал само за лична употреба и на сопствена одговорност.

 

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје

Адреса: ул. ВЛАДИМИР КОМАРОВ Бр.1А/3-36 СКОПЈЕ - АЕРОДРОМ

Тел: 076 403 601

email: info@bebelfashion.mk

WEB: www.bebelfashion.mk

Трансакциска сметка: 210064169690183

ЕМБС: 6416969

ЕДБ: 4030008046990

Шифра на дејност: 47.19 Друга трговија на мало во неспецијализирани продавници

 

Со користење на овој сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во овој текст. Правото на користење на овој сајт е лично на крајниот корисник и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Крајниот корисник е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје.

 

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран во било кое време. БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот.

 

1. ПРАВИЛА

1.1 Вие сте согласни дека нема да:

  • објавувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставите на располагање корисничка содржина која е незаконска, штетна, заканувачка, навредлива, невистинита, клеветничка, вулгарна, недолична, како и содржина која ја нарушува приватноста на останатите (откривање на адреса, е-адреса, телефонски број или други информации за контакт без писмена согласност од сопственикот на таквите информации), содржини со омраза, расистички или на коj и да било друг начин непристојни содржини;
  • нанесете штета на малолетници на кој било начин;
  • се претставувате лажно како физичко или правно лице, ентитет или субјект, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, вработените и претставниците на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје, лажно да изјавувате или лажно да ја претставувате вашата поврзаност со личност или ентитет.
  • ги фалсикувате заглавијате или на друг начин манипулирате со идентификаторите со цел да се прикрие потеклото на некоја корисничка содржина пренесена преку услугата;
  • вчитате, испратите, објавите или на друг начин пренесете кориснички содржини за кои немате право да ги пренесувате согласно со закон или договор или доверливи односи (како што се внатрешни информации, сопственички и доверливи информации дознаени или откриени како дел од работните односи или поддоговори за чување во тајност на одредени содржини) ;
  • испратите, вчитате, објавите или на друг начин пренесете кориснички содржини со кои се повредуваат патенти, трговски тајни, авторски права, правата на приватност или публицитет или други сопственички права на некоја страна;
  • ја споделите вашата лозинка, дозволите на некој друг да пристапи на вашата корисничка сметка, или да направите нешто со кое би можело да се загрози безбедноста на вашата корисничка сметка.
  • вчитате, испратите, објавите или пренесете несакани комерцијални електронски или спам-пораки. Ова вклучува неетички маркетинг, рекламирање или друга практика која е на некаков начин поврзана со "спам", како што се: a) испраќање на масовни е-пораки до примачи кои не побарале од вас е-адреса или праќање на е-порака со лажна повратна адреса, б) промоција на интернет-страници со несоодветни линкови, наслови, описи или в) промоција на вашата интернет-страница преку објавувања на повеќекратни поднесоци во јавни форуми кои се идентични;
  • вчитате, испратите, објавите или на друг начин пренесете материјал кој содржи софтверски вируси или компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани да прекинуваат, уништат или ја ограничат функционалноста на компјутерскиот софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема;
  • да се мешате во или ја нарушите услугата, серверите или мрежите поврзани со услугата, или да не ги почитувате барањата, процедурите, политиките или регулативите на мрежите поврзани со услугата;
  • да се обидете да прескокнете или прескокнете безбедносна компонента поврзана со содржините или услугата;
  • да се обидете или да се вклучите во постапка која директно или индиректно го попречува правилното работење на интернет-страницата или предизвикувате неразумно оптоварување на инфраструктурата на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје;
  • намерно или ненамерно ги кршите локалните, државните, националните или меѓународните закони;
  • скришно или на друг начин ги малтретирате другите;
  • промовирате, поттикнувате или давате инструкции и информации за нелегални активности, поттикнувате физичката штета или повреда против група или поединец или поттикнувате суровост кон животните. Ова може да вклучува, без ограничување, обезбедување на упатства за тоа како да се состават бомби, гранати и останати оружја или запалливи уреди;
  • нудите на продажба или продавате содржина, услуга или производи кои  а) ги кршат државните или локални закони или прописи, б) немате потполно законско право согласно со законите и прописите да ги нудите или продавате, вклучувајќи ги и сите потребни лиценци и одобренија, или в) ние утврдиме, по наше сопствено убедување, дека се  несоодветни за продажба преку услугата;
  • ја користите услугата за насочување кон друга интернет-страница;
  • барате или се обидувате да земете од трети лица лозинки или лични податоци за незаконски цели;
  • го надминете обемот на услугата за која сте регистрирани; на пример, да пристапувате или користите алатки за кои немате право да ги користите, или бришење, додавање, или менување на коментари или содржини на останатите корисници;
  • вчитате, испратите, објавите или пренесете корисничка содржина која е наменета за да го искористи и/или измами корисникот. Такви содржини може да вклучуваат, не ограничувајќи се на, „збогати се брзо", „сурфај и биди платен", пирамидални или други сомнителни шеми;
  • вклучите повеќе од три рекламни единици по страница или реклами, кои во голема мера ја намалуваат употребливоста на интернет-страницата;
  • поставите датотеки и документи со цел да се хостираат од наша страна и да се користат надвор од интернет-страницата направена со користење на услугата;
  • пристапувате до услугата преку автоматизирани методи. Услугата еднинствено може да се  користи или да и се пристапи преку електронски уред и тоа мануелно во текот на целото нејзино користење;
  • со сопствено програмирање креирате интернет-страница која содржи штетно корисничко искуство. Примери за ова се, но не се ограничува на екстремни светкави банери и прекумерни анимирани движења;
  • поставите, објавите или на друг начин пренесете содржини за возрасни, како што се голотии во сексуален контекст, содржини во кои се откриваат изложени гениталии, или содржини со теми за возрасни.

БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје може да утврди, според свое сопствено убедување, дали некој од корисниците ги прекршува овие правила или политики.

 

Ние го задржуваме правото да затвориме корисничка сметка или корисник кој ги прекршил горенаведените забрани.

 

Доколку утврдиме дека вашата корисничка сметка се користела за нелегални или измамнички активности, тогаш таа може да биде веднаш затворена, нејзините финансиски податоци избришани и корисникот ќе биде пријавен на надлежните власти.

 

2. ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

2.1 Содржините и услугите кои може да се добијат на интернет-страницата, како и сите содржини и услуги обезбедени од нас или преку нас или од нашите партнери, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, софтверот, прикажаните информативни текстови, софтверската документација, дизајнот, изгледот, видео, аудио, функции, документи, датотеки, слики, графика или други содржини, без разлика дали се јавно или приватно објавени и/или испратени како и сите деривации од нив („содржина"), се во наша сопственост или сопственост на нашите партнери кои ги лиценцирале нивните материјали или обезбедуваат услуги за нас, и се заштитени со авторски права, заштитен знак, деловна тајна и други закони за интелектуалната сопственост.

 

Не е дозволено и вие се согласувате дека нема да ги правите следниве активности: враќање на кодот (reverse engineering), декомпилација (decompile), дешифрирање, модифицирање, репродукција, објавување, преведување, копирање, дистрибуирање, продажба, изнајмување, пренос, искористите слабост (exploit) или на друг начин да се обидете да откриете програмски код или изворен код (source code), користен во или со услугата и содржините или на друг начин ги дистрибуирате содржините, освен како што тоа е посебно дозволено во овие Правила и услови на користење.

 

Исто така, се согласувате дека нема да ја репродуцирате, умножувате, копирате, продавате или препродавате дел од услугата, користењето на услугата, или пристапот до услугата без претходна наша писмена дозвола.

 

Вие не може да го користите, продавате, копирате, дистрибуирате, подлиценцирате, давате гаранција или на друг начин се обидете да пренесете право врз содржините, креирате деривации врз основа на нив или комерцијално ја експлоатирате содржината, во целост или делумно, на друг начин освен како што тоа е јасно нагласено со овие Правила и услови на користење.

 

Сите трговски марки, логоа, таг-линии или слогани, кои се дел од БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје и услугата во целост, се сопственост на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје. Сите останати трговски марки, логоа, таг линии или слогани се сопственост на нивните соодветни сопственици. Освен ако поинаку не е засебно предвидено во овој документ, ништо не треба да се толкува како давање дозвола или право на користење на трговска марка, лого, таг-линија или слоган прикажани на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје без наша писмена дозвола или писмена дозвола од третите лица кои може да бидат сопственици на трговски марки, логоа, таг-линии, или слогани.

 

Секое користење на содржините за друга намена освен онаа за која е посебно дозволено овде или без наша претходна писмена согласност или претходна писмена согласност од нашите соработници, е строго забрането. Ние ги задржуваме сите права кои експлицитно не се дадени во ова  правно дело.

 

3. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

3.1 ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА И СОДРЖИНИТЕ СЕ ДАДЕНИ "КАКО ШТО СЕ", "КАКО ШТО Е ДОСТАПНО", "СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ" И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ЈАСНО НАГЛАСЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ.

 

3.2 БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје И ВРАБОТЕНИТЕ, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ ЦЕЛОСНО СЕ ОДРЕКУВААТ ОД СЕКАКОВ ВИД ОДГОВОРНОСТИ ДОЗВОЛЕНИ СО ЗАКОН, БИЛО ТИЕ ДА СЕ ЈАСНО НАВЕДЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА: ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ.

 

3.3 ЌЕ НАПРАВИMЕ РАЗУМНИ НАПОРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА УСЛУГАТА, ПРИТОА НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ ГО ГОРЕНАВЕДЕНОТО, МЕЃУТОА НИТУ БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје НИТУ НЕЈЗИНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ПРИСТАПОТ ДО ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СОДРЖИНИТЕ И/ИЛИ УСЛУГИТЕ ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ ДЕКА ДЕФЕКТИТЕ, ДОКОЛКУ ГИ ИМА, ЌЕ БИДАТ ПОПРАВЕНИ; ИСТО ТАКА НИТУ БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје ИЛИ НЕГОВИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ И ДА ГАРАНТИРААТ ЗА ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА, ВАЛУТАTA, КВАЛИТЕТOT, КОМПЛЕТНОСТА, КОРИСНОСТА, ПЕРФОРМАНСИTE, БЕЗБЕДНОСТA ИЛИ СООДВЕТНОСТА НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ ИЛИ ЗА САМАТА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА.

 

3.4 ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И ДОВЕРБАТА КОН УСЛУГАТА И/ИЛИ СОДРЖИНИТЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ИСТО ТАКА, ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПРАВЕЊЕ НА КОПИИ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РАМКИТЕ НА УСЛУГАТА.

 

3.5 ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СИТЕ СОВЕТИ, СОДРЖИНИ, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И УСЛУГАТА НЕ СЕ НАМЕНЕТИ КАКО ЗАМЕНА ЗА ЗНАЕЊЕ, ЕКСПЕРТИЗА ИЛИ ВЕШТИНА И ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРАТЕНА НИВ ЗА ЛИЧНИ, МЕДИЦИНСКИ, ПРАВНИ ИЛИ ФИНАНСИСКИ ОДЛУКИ И ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО СООДВЕТЕН ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ЗА КОНКРЕТЕН СОВЕТ СОГЛАСНО СО ВАШИОТ ПРОБЛЕМ.

 

3.6 ПОКРАЈ ОВА, НИЕ НЕ СМЕ ОДГОВОРНИ, НИТУ ПАК ЌЕ ГАРАНТИРАМЕ ЗА ИСПОРАКАТА НА ПОРАКИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА. НИТУ НИЕ, НИТУ ТРЕТИ ЛИЦА, ОДНОСНО ПАРТНЕРИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СЕРВЕРИТЕ, СОДРЖИНАТА, 6.7 УСЛУГИТЕ ИЛИ E-ПОРАКИТЕ ИСПРАТЕНА ОД ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ИЛИ ТРЕТИ ЛИЦА/ПАРТНЕРИ СЕ ЧИСТИ ОД ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОМПОНЕНТИ.

 

4. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

4.1 НЕМА ДА СНОСИМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЕБНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ШТЕТИ ОД ДРУГ ТИП, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ЗАСТОЈ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ, ШТЕТИ ЗАРАДИ ЗАГУБА НА ПРОФИТ, УПОТРЕБА, ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ ЗАГУБИ (ДУРИ И АКО СМЕ БИЛЕ ИЗВЕСТЕНИ ​​ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ) ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД: КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА, СОДРЖИНИТЕ, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ ИЛИ КОРИСНИЧКИТЕ СОДРЖИНИ ГЕНЕРИРАНИ ПРЕКУ ТРЕТИ ЛИЦА ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА; ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ПОТРОШЛИВИОТ МАТЕРИЈАЛ И УСЛУГИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД НАБАВЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ, ПОДАТОЦИ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ, ПОРАКИ /ТРАНСАКЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИЛИ ОД УСЛУГАТА; НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП, ИЛИ ПРОМЕНА НА ВАШИITE ТРАНСМИСИИ ИЛИ ПОДАТОЦИ; ИЗЈАВИ ИЛИ ПОСТАПКИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ЗА УСЛУГАТА; ИЛИ НЕШТО ДРУГО ВО ВРСКА СО УСЛУГАТА.

 

4.2 СО ОВА ГО ОСЛОБОДУВАТЕ БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје И НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ФИЛИЈАЛИ, СОРАБОТНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, УПРАВНИЦИ, ПОДРУЖНИЦИ, ПОДИЗВЕДУВАЧИ, АГЕНТИ И ВРАБОТЕНИ, ОД СЕКАКОВ ВИД ЖАЛБИ, БАРАЊА И ШТЕТИ ОД РАЗЛИЧНА ПРИРОДА (ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, АКТУЕЛНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ И ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ), ПОЗНАТИ И НЕПОЗНАТИ, ОСОМНИЧЕНИ И НЕОСОМНИЧЕНИ, ОТКРИЕНИ И НЕОТКРИЕНИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ НА КОЈ БИЛО НАЧИН ПОВРЗАНИ СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ, ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРОИЗВОДИ ИЛИ БИЛО КОЈА СОДРЖИНА ГЕНЕРИРАНА ОДТРЕТИ ЛИЦА, ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ СТРАНИЦАТА.

 

5. ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

5.1 Вие сте согласни да ги браните и обесштетите вработените во БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје, службениците, директорите, потписниците, добавувачите, филијалите, подружниците и агентите од и против сите побарувања, штети, обврски, загуби, одговорности, трошоци, долгови (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на давачките за адвокати) кои произлегуваат од или во врска со: Вашата  употреба на и пристап до услугата (или на некој друг кој го корител Вашиот профил), интернет-страницата, содржините; вашите кориснички содржини преку интернет-страниците со користење на нашите услуги; Вашето прекршување на некој услов од овие услови; прекршувањето на правата на трети лица, вклучувајќи ги, без ограничувања сите авторски права, право на имот или право на приватност, или тврдење дека вашите кориснички содржини предизвикале штета на трети лица или страни.

 

6. ПРИВАТНОСТ

6.1 Ви препорачуваме да ја прочитате нашата Политика за приватност и да ги искористите информациите со цел да донесете одлуки кои се темелат на информираност. Ве молиме имајте предвид дека одредени информации, изјави, податоци и содржини (како што се фотографии) кои ќе ги објавите на интернет-страницата, најверојатно може да го откријат Вашиот пол, етничка припадност, националност, возраст, и/или други лични информации за Вас. Вие прифаќате и сте согласни дека објавувањето на таквите информации е доброволно и со ваша согласност. Вие сте согласни и прифаќате дека ние може да пристапиме, зачуваме и ја откриеме вашите регистрација и други информации кои ги приложувате доколку е потребно тоа да се направи со закон или во добра волја и верување дека таквиот пристап, зачувување или откривање, според нас е неопходен. Откривањето на информациите кон трети лица, понатаму е наведено во Политиката за приватност.

 

7. ОСТАНАТО

  • Ова правно дело може да се менува само преку писмена измена потпишана од овластен извршен директор на БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје или со објава од БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје на ревидирана верзија.
  • Преовладувачката страна во постапка со цел да се спроведе ова правно дело има право на трошоци и адвокатски хонорари. Доколку некој дел на ова правно дело се смета за неважечки или неприменлив, само тој дел ќе се толкува со цел да ја одрази оригиналната намера на страните, а преостанатите делови остануваат во полна сила и ефект.

 

  • БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје може да ги пренесе своите права според ова правно дело без услови. Правното дело ќе биде обврзувачко и потоа, и ќе биде во сила во корист на потписниците, нивните наследници и назначени лица.
  • Се согласувате дека: а)  интернет-страницата ќе се смета исклучиво со седиште во Република Македонија; и б) интернет-страницата ќе се смета за пасивна интернет-страница која не подлежи на други надлежности, ниту специфични, ниту општи, освен надлежностите во Р. Македонија. Овие услови се регулирани со интерни закони на Република Македонија, без оглед на нивниот судир со законските принципи.
  • За било какво тврдење или спор меѓу вас и БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје, кое целосно или делумно произлегува од интернет-страницата, одлучува исклучиво надлежниот суд со седиште во Скопје, Р. Македонија. Примената на Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки е изрично исклучена. Условите за користење, заедно со политиката за приватност и секоја друга правна норма објавена од нас на интернет-страницата, ќе го сочинуваат целосната облигација меѓу вас и БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје во врска со интернет-страницата. Ако некоја одредба од условите за користење се смета за неважечка од страна на надлежниот суд, невалидноста на таквата одредба не влијае врз валидноста на останатите одредби од условите на користиње, кои ќе останат во полна сила и ефект. Откажувањето од некој од условите нема да се смета за постојано откажување од таквиот услов или од некој друг услов. Неможноста БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје да потврди право или одредба од овие услови нема да претставува откажување од тоа право или одредба. Вие и БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје се согласувате дека даден спор кој би произлегол од или е поврзан со интернет-страницата мора да започне во рок од една (1) година по појавување на причината за спорот. Во спротивно, таквиот спор ќе биде трајно забранет.
  • Вие не можете да ги пренесете вашите права или обврски кои произлегуваат од ова правно дело на некој друг без наша претходна писмена согласност.
  • Доколку за некој дел на ова правно дело се утврди дека е неспроведлив, остатокот ќе биде во полна сила и ефект.
  • Доколку не успееме да спроведеме некој дел од ова правно дело, тоа нема да се смета за откажување од тие услови.
  • Ние го задржуваме правото, во било кое време и од време на време да ја менуваме или прекинеме, привремено или постојано, услугата (или некој нејзин дел) со или без претходна најава. Вие се согласувате дека БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје нема да бидат одговорен кон вас или кон трета страна за некоја промена или прекин на услугата.
  • Ние не сме одговорни ако некое електронско известување биде фатено од страна на вашиот спам филтер и Вие не сте го виделе; ако сте ни дале погрешна е-адреса (или не сте ја ажурирале вашата е-адреса) или ако постојат други проблеми при комуникацијата кои би го спречиле стигнувањето на е-пораката до Вас. Поради тоа, Ве охрабруваме често и периодично да ја посетуваате оваа страница и да ги следите сите промени. Употребата на, или пристапот до услугата, откако ќе бидат објавени промени кон овие Правила и услови на користење, во исто време претставува и прифаќање на тие промени.
  • Прашања, коментари, предлози, идеи, одговори или други информации дадени од Ваша страна („коментари") не се доверливи и со тоа ни давате глобална, потојана, неотповиклива, бесплатна лиценца за репродукција, прикажување, извршување, дистрибуирање, објавување, модифицирање, уредување или користење друг начин, според нас соодветен, за комерцијални и/или некомерцијални цели, според нашето сопствено убедување.
  • Може да воспоставиме општи практики и ограничувања во врска со просторот и користењето на услугата и да ги менуваме од време на време со или без известување.
  • Условите се исто така важечки и за време на употребата на услугата во пробниот период.
  • Вие потврдувате дека Вашата земја на престој е иста со адресата на вашата платежна адреса.
  • Без противречност на било што друго содржано во овие Услови, доколку ја користите интернет-страницата и/или услугите во име на друг субјект, Вие потврдувате дека сте целосно овластени да ги прифатите овие услови во име на субјектот, и дека тој субјект се согласува да Ве обесштети Вас и БЕБЕЛ ТОЈС ЛТД ДООЕЛ Скопје доколку има прекршување на условите.
  • Ние и нашите соработници не гарантираме дека услугата, како и содржините или интернет-страницата се соодветни или достапни за употреба во сите географски локации. Доколку ја користите интернет-страницата, услугата или содржините надвор од Македонија, самите сте одговорни за почитувањето на сите важечки закони, вклучувајќи ги, без ограничување и прописите за извоз и увоз на други земји.
  • Во иднина, преку интернет-страницата може да понудиме нови услуги и/или можности (вклучувајќи и нови алатки и ресурси). За избегнување на недоразбирања, сите нови функции и/или услуги се исто така предмет на условите на ова правно дело.

 

8. КОНТАКТ СО КОРИСНИЧКАТА ПОДДРШКА

8.1 Со цел да дојдете во контакт со нашата корисничка поддршка, ве молиме посетете ја на нашата страница за контакт и искористете ги контакт информациите, со цел да не контактирате.