Како да купиш

Избор на производи

На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Од лева страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: категорија, боја, материјал, цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучуваш или исклучуваш соодветниот филтер. Доколку ги имаш најдено производите кои те интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можеш да ги видиш со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаеш на која категорија и припаѓа производот кој те интересира, можеш да го искористиш полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можеш да ја внесеш шифрата на производот или името на производот. При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележиш под производот поле "БРЗ ПРЕГЛЕД". Кога ќе го притиснеш тоа поле ќе можеш да го видиш производот од повеќе агли, да ја одбереш посакуваната боја и големина. Со притискање на полето "КУПИ" ќе добиеш известување дека производот се наоѓа во твојата кошничка. Можно е повеќе пати да додадеш ист производ во кошничката.

Содржина на КОШНИЧКАТА

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакаш да ги купиш. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отвараш страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можеш да избришеш производи од кошничката или спротивно да го зголемиш нивниот број.

Нарачување на производи од кошничка

Кога ќе сакаш да извршиш купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнеш на копчето "ПРИФАЌАМ" за да го извршиш плаќањето. Во следните три чекори потребно е да одбереш адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ти се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку се предомислиш во врска со купувањето и сакаш нешто да промениш, едноставно можеш да се вратиш на страната на кошничката со клик на полето "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

Начини на плаќање

При купување на производи на bebelfashion.mk можеш да одбереш еден од наведените начини на плаќање:

  • Плаќање со платежна картичка - со пополнување на податоците од твојата платежна картичка веднаш пристапуваш кон плаќање на вкупниот износ за нарачаните производи заедно со цената за достава;
  • Плаќање по испорака во готово – вкупниот износ за нарачаните производи заедно со цената за достава ги плаќаш на курирот при достава/преземање на пратката, исклучиво со готовина.