Достава на пратка

Откако ќе добиеш потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Испораката се врши од страна на курирска служба Be-Da Express, која не е дел од нашата компанија.

Рокот на испорака за сите градови во Македонија е од 3 до 5 работни дена. Рокот за испорака во приградски населби и села може да биде и подолг од 3 работни дена. Испорака не се врши во недела и за државни празници. Сите нарачки направени за време на викенд ќе бидат процесирани во првиот следен работен ден. 

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9 до 19 часот. Те молиме во тој период да обезбедиш лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку при обид за достава на предметна пратка примачот или обезбеденото лице не се затекне на наведената адреса, Давателот на услугите ќе залепи налепница на адресата дека е извршен обид за достава на пратка и телефонски број на кој примачот може да се обрати со цел добивање на информација за подигање/достава на пратката. Во случај на 2 (два) неуспешни обиди за достава на предметна пратка или доколку примачот одбива прием на предметна пратка, пратката се враќа на Bebel Fashion.

 Цената за достава е 130ден.

Цената за достава на производи над 3000 денари е бесплатна.