Често поставувани прашања

За да ти биде овозможено купување на www.bebelfashion.mk не мора да бидеш регистриран корисник.

Имај предвид дека само регистрираните корисници можат да ги користат во целост функционалностите кои ги нуди bebelfashion.mk.

Како регистриран корисник ќе можеш да креираш твоја листа на желби, да поставиш потсетник за намалување на цена и поедноставно и побрзо да купуваш преку меморирање на податоците за испорака.

Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесеш само твоите лични податоци. Со цел да ја започнеш регистрацијата, потребно е во горниот десен агол да кликнеш на РЕГИСТРИРАЈ СЕ, каде потоа ти се отвораат полиња каде е потребно да ги внесеш твоите податоци. Откако ќе ги внесеш сите податоци, кликни на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на твојата е-маил адреса ќе пристигне линк кој е потребно да го кликнеш, со што твојата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжиш со купувањето.

Процесот на нарачување е едноставен. Можеш да си го нарачаш посакуваниот производ во неколку едноставни чекори. Одбери го посакуваниот производ, селектирај ја бојата, големината и количината, а потоа кликни врз копчето “Додади во кошничка” и продолжи со разгледување. Кога ќе завршиш со разгледување кликни врз нацртаната кошничка горе во десниот агол. За да го извршиш купувањето потребно е во следните три чекори да одбереш адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ти се отвори страницата за завршување на купувањето.

Откако ќе го завршиш процесот на купување добиваш потврда за креирана нарачка, а нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Испораката се врши од страна на курирска служба Be-Da Express, која не е дел од нашата компанија.

Доколку плаќањето на пратката се врши по испорака во готово, цената за достава е 130ден.

Цената за достава на производи над 3000 денари е бесплатна.

Рокот на испорака за сите градови во Македонија е до 3-5 работни дена. Рокот за испорака во приградски населби и села може да биде и подолг од 5 работни дена. Испорака не се врши во недела и за државни празници. Сите нарачки направени за време на викенд ќе бидат процесирани во првиот следен работен ден. 

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9 до 19 часот. Те молиме во тој период да обезбедиш лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку при обид за достава на предметна пратка примачот или обезбеденото лице не се затекне на наведената адреса, Давателот на услугите ќе залепи налепница на адресата дека е извршен обид за достава на пратка и телефонски број на кој примачот може да се обрати со цел добивање на информација за подигање/достава на пратката. Во случај на 2 (два) неуспешни обиди за достава на предметна пратка или доколку примачот одбива прием на предметна пратка, пратката се враќа на Bebel Fashion.

При купување на производи на bebelfashion.mk можеш да одбереш еден од наведените начини на плаќање:

  • Плаќање со платежна картичка - со пополнување на податоците од твојата платежна картичка веднаш пристапуваш кон плаќање на вкупниот износ за нарачаните производи заедно со цената за достава;
  • Плаќање по испорака во готово – вкупниот износ за нарачаните производи заедно со цената за достава ги плаќаш на курирот при достава/преземање на пратката, исклучиво со готовина.

Производите може да се заменат во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на нарачката. Продуктот мора да биде неоштетен, неупотребуван и со фактурата со која е добиена нарачката.

За да направиш замена или поврат на пратка треба да нè контактираш на бројот 076 403 601 или да ни испратиш е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата online@bebelfashion.mk и да ги наведеш причините поради кои сакаш да направиш замена/враќање на пратката.

Производите се враќаат/заменуваат преку курирска служба на трошок на купувачот. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ти испраќаме соодветна замена.

Во случаевите на враќање или замена на погрешно испратен производ или производ со фелер, трошокот за повратна достава го сноси Bebel Fashion.

Замената се врши исклучиво според горенаведената процедура и не е можна физичка замена во некои од нашите продавници.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Бебел Тојс ЛТД Дооел Скопје има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Кликни на НАЈАВИ СЕ и потоа на линкот ЈА ЗАБОРАВИ ЛОЗИНКАТА. Внеси ја твојата е-маил адреса на која сакаше да ти пристигне линк за замена на лозинката.